Ул. 11 Октомври бр. 66, 1300 Куманово
Тел: +389 (0)31 412 910
Избери јазик
Сообраќаен Испитен Центар (СИЦ) "ТОП ДРАЈВЕР" е лоциран во Куманово, а ги опфаќа и општините: Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане и Липково, односно северо-источниот регион на Република Македонија, каде живеат 166,907 жители од повеќе етнички заедници и вероисповест. СИЦ - ТОП ДРАЈВЕР е со седиште во Куманово, 11 Октомври бр.66 но со цел да пружи успешни и квалитетни услуги на заинтересираните граѓани - кандидати за возачи и нивно здобивање со возачка дозвола има отворено уште три подрижници и тоа:
  • Црвен Крст - Куманово
  • Крива Паланка и
  • Кратово
СИЦ - Куманово организира и спроведува испити за сите категории и подкатегории (А, А1, Б, Б+Е, Ц, Ц+Е, Ц1, Ц1+Е, Д, Д+Е, Д1, Д1+Е, Ф, Г, М). Самото доделување на лиценцата за вршење на работи на организирање и спроведување на возачки испит за кандидат за возач и проверка на стручноста на возачите-инструктори, потврдува дека Сообраќаен Испитен Центар во Куманово ги исполнува целосно предвидените критериуми во Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и просторните услови и материјално-техничката опрема. Тоа значи дека ги исполнува условите за спроведување на возачки испит.